Премиерот Заев и владина делегација ќе престојува во официјална посета на Србија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, доцна попладне заминува во официјална посета на Република Србија, во придружба на владина делегација во чиј состав се заменикот претседател на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски,министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.

Работниот дел од агендата на оваа официјална посета на македонска владина делегација на Република Србија, започнува утре со тет-а-тет средба меѓу Претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Двете владини делегации, предводени од премиерите на Република Србија и Република Македонија потоа ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите.

Владината делегација на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев потоа ќе биде примена од Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Премиерот Заев и владината делегација на Република Македонија потоа ќе имаат работни активности во амабасадата на Република Македонија во Белград, по што ќе заврши оваа официјална посета на Република Србија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски