Премиерот Спасовски негативен на Ковид-19, тој останува во домашна изолација

Од:

Тестот за коронавирус на премиерот Оливер Спасовски е негативен, информираше тој преку статус на Фејсбук.

„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација“, напиша Спасовски.


„На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени“, напиша Спасовски.

Позитивни на коронавирусот се потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Во домашна изолација се вицепремиерката Мила Царовска, Дамјан Манчевски и Марјан Забрчанец од центарот за информирање, кои ќе бидат во домашна изолација и ќе бидат тестирани во текот на неделата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он