Премиерот Спасовски,и вицепремиерката Царовска во посета на компанијата „Албатрос”

Од:

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, директорката на Управата на јавни приходи, Сања Лукаревска и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, во рамките на активностите во пресрет на Владината седницата која што ќе се одржи во Штип, остварија посета на текстилната компанија Албатрос.

Премиерот Спасовски, по извршената посета, во изјава за медиумите истакна: “За Штип, за текстилната индустрија беше многу важно да се дефинира минималната плата. Горд сум што Владата успеа да ја крене минималната плата за 60% и таа денес изнесува 14. 500 денари. Меѓутоа, не треба да застанеме тука, туку треба со дијалог да продолжиме да ја зголемува минималната плата, како што ќе се менуваат условите за водење бизнис во државата и како ќе расте економијата. Мошне значаен момент е тоа што за првпат се изедначува минималната плата за сите гранки и за кожарската и за текстилната индустрија, што досега не беше случај“.

Вицепремиерката за економски прашања Царовска, посочи дека по донесувањето на законот за субвенционирање на придонесите во случај на покачување на платите и покачување на минималната плата, работите во текстилниот сектор се стабилизираат.

Претставничката на работниците, Кристина Ампева од здружението „Гласен текстилец“, ја истакна гордоста што пред три и пол години со сега сегашната вицепремиерка Царовска, се зборувало за нормиран учинок од кој зависеше тогашната минималната плата од 9000 денари, а сега веќе минималната плата достигна 14.500 денари и работодавачите не смеат да исплатата пониска плата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати