Премиерот Спасовски го прими Драган Јордановски, иден амбасадор на земјава во Естонија

Од:

Премиерот Оливер Спасовски го прими денеска Драган Јордановски, иден амбасадор на нашата земја во Естонија.

Како што соопшти владината прес-служба, Спасовски му посакал на Јордановски успешно привршување на подготовките пред неговото заминување на должноста амбасадор, како и успех во неговите претстојни активности како наш амбасадор во Талин, Естонија.

На средбата беше истакнато дека функционирањето на нашите амбасади во земјите членки на ЕУ во полн капацитет е од исклучително значење во претстојниот период на подготовки на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ.

Од аспект на билатералната соработка со Естонија, беше речено на средбата, особено е важно да се обезбеди континуитет на добрата соработка меѓу двете земји, особено во делот на нашето сојузништво во НАТО и искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебните комуникации во одредени сфери, пред сѐ во делот на образованието и дигиталната технологија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски