Премиерот Груевски се сретна со германскиот пратеник Торстен Фрај

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во Скопје се сретна со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Парламент од редовите на ЦДУ/ЦСУ чиј лидер е канцеларката Ангела Меркел и главен известувач за регионот на Југоисточна Европа за пратеничката група на оваа партија.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците дадоа позитивна оценка за билатералните односи кои се развиваат во духот на пријателството и заедничката соработка и за одличната политичка и економска соработка меѓу двете земји.

– Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се спроведуваат од страна на Владата за унапредување на стандардите во општествените сфери. Притоа ги акцентираше економските реформи чија цел е привлекување странски инвестиции, зголемување на вработеноста и економскиот стандард на граѓаните, и зголемување на економскиот раст и развој на земјата, се вели во соопштението.

Шефот на Владата се осврна и на реформите во судството чија имплементација започна минатата година, а со кои се овозможува обезбедување поголем квалитет во образованието на идните судии, се предвидува систем на оценување на судиите и се пропишуваат транспарентни процедури за изборот на судиите и за кариерен напредок во судството.

Воедно, се наведува, беа споменати и реформите во јавната администрација кои се законски обезбедени и кои ќе се имплементираат со почетокот на следната година со кои се предвидуваат услови за влез и кариерен развој во администрацијата на најквалитетните и најспособните кадри и подигнување на нивото на ефикасност и ефективност на административците.

– Соговорниците ја истакнаа определбата на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО алијансата и поддршката која Сојузна Република Германија ја дава во спроведувањето на реформите и за реализација на овие цели. Соговорниците се согласија дека за надминување на отвореното прашање со нашиот јужен сосед е потребен конструктивен и посветен однос од сите страни кои се вклучени во процесот за решавање на спорот, се вели во соопштението.

Двајцата соговорници, се посочува, истакнаа дека сите субјекти треба да работат на реформите, да ги почитуваат изборните резултати и волјата на народот, а политичкиот дијалог да се обезбедува со конструктивен и одговорен однос во рамките на институциите што ќе биде од значење за интеграциите на нашата земја.

Германскиот пратеник Фрај даде позитивна оценка за економските реформи, економскиот раст и економските резултати на Република Македонија и ја истакна позитивноста од реформите што ги спроведува македонската Влада на полето на образованието и останатите прогресивни политики кои се спроведуваат во нашата земја. – Тој ја изрази и својата и поддршката на неговата партија во натамошното интензивирање и продлабочување на политичката и економската соработка и соработката на полето на инвестициите помеѓу двете земји, стои во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он