Премиерот Груевски се сретна со американски конгресмени

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска се сретна со членовите на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Тарнер, Лорета Санчез и Пол Кук.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците позитивно ги оценија односите помеѓу двете земји, и на билатерално и на мултилатерално ниво, и ја истакнаа позитивната соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во сите сфери од взаемен интерес.

Двете страни ја истакнаа и, како што се наведува, значајноста на евроатланскиот интегративен процес на Република Македонија.

– Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се преземаат за унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и надминување на предизвиците кои се од интерес за интеграциите на нашата земја, се вели во соопштението.
Членовите на американскиот Конгрес, пак, го истакнаа позитивниот придонес кој македонските мировници го даваат во рамките на НАТО мисиите, и ја истакнаа поддршката на САД за членство на Република Македонија во Алијансата.

Соговорниците разменија мислење и за теми од регионален карактер.

Двете страни го истакнаа својот ангажман и заложбите за понатамошно продлабочување и унапредување на односите помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција