Премиерот Груевски од Охрид им го честиташе Велигден на граѓаните

Од:

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска присуствуваше на утринската Свечена велигденска литургија што се одржа во црквата „Света Богородица – Каменско“ во Охрид, со која чиноначелствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

– Посакувам многу среќа, здравје и успех на сите граѓани на Република Македонија, како од христијанска вероисповед, така и на сите останати, и Господ да ни даде повеќе сила и мудрост да можеме да продолжиме со успеси и со решавање на сите предизвици, и секако да ги оствариме сите индивидуални цели, сите лични цели.  Секое семјство, секоја индивидуа има сопствени желби, сопствени цели, посакувам да им се исполнат и истовремено да има многу повеќе почит меѓу луѓето, рече премиерот по завршувањето на литургијата.

На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој на сите православни христијани им го честита најголемиот празник, со желби за здравје среќа и мир во секој дом и сечие срце.

Премиерот Груевски заедно со сопругата денеска е предвидено да ги посети и црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга, а утре ќе престојува во Вевчани каде ќе биде поставен камен-темелник на нова црква.

Би можело да ве интересира

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението