Премиерот Груевски на увид на градежните активности на мостот „Гемиџии“

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во рамки на посетата на Велес изврши увид на градежните работи на реконструкцијата на мостот Гемиџии.

Реконструкцијата на мостот  почна во февруари годинава. Ова е прва негова посериозна и целосна санација, а инвестицијата е во вредност од близу 32 милиони денари.

Мостот е изграден во периодот меѓу 1958 и 1960 година. Долг е 172 метра, широк 11,3 метри, а ширината на коловозот е седум метри. Досега со исклучок на малата поправка од пред шест-седум години, не е целосно саниран.

Санацијата се одвива во неколку фази и предвидено е да трае една година.

Mостот имаше видливи оштетувања на бетонските површини, коловoзите и тротоарите.

Премиерот во рамки на посетата во Велес ќе присустува на пуштањето во употреба на Градскиот стадион, новоизградениот парк „Васил Главинов“ и новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски