Премиерот Груевски на средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе

Од:

Премиерот Никола Груевски,  во рамки на официјалната посета на Јапонија, денеска во Токио ќе се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Македонската владина делегација, која ја предводи премиерот Груевски, денеска во Токио ќе организира и бизнис форум на кој пред јапонски бизнисмени ќе бидат презентирани условите за инвестирање во Македонија.

Шефот на Владата вчера на средбата со претседателот на бордот на директори на Јапан Реилвеј Ист (ЈРИ) компани Тацео Тамута договори соработка во областа на здравството и железничкиот сообраќај.

Во здравството договорено е македонски доктори и медицински персонал да престојуваат и да бидат обучувани во рамките на ЈРИ болницата, а лекари од ЈРИ болницата да престојуваат во Македонија и да пренесуваат знаења на своите македонски колеги за примена на напредни медицински методи.

Како што информира владината прес-служба, за оваа цел, набрзо ќе бидат прецизирани сите детали околу видот на медицински области во кои ќе има соработка.

На полето на соработката во сферата на железничкиот сообраќај е истакната можноста за јапонска помош во развој на железничкиот сообраќај во Македонија, со акцентирање на можноста за едукација на лица од нашите железнички претпријатија или институции, или пак ученици и студенти од областа на железничкиот сообраќај, во школата за железнички сообраќај на ЈРИ, која е најреномирана ваква школа во Јапонија.

– Оваа болница е напредна во многу области, но особено се истакнува во делот на ортопедската медицина и во делот на рехабилитација од повреди, а исто така и во делот на третман на канцер. Во краток период треба да ги договориме деталите во смисла на тоа кога ќе почнат да доаѓаат наши доктори и медицински персонал и точно во кои оддели ќе бидат прифатени и ќе бидат обучувани и за најнови достигнувања во областа на медицината. На средбата со претседателот на оваа компанија имавме разговор за многу можности за соработка, и соработката не само што ќе биде во делот на медицината туку ќе биде и во делот на обуки во делот на железнички транспорт, бидејќи се работи за една поголема компанија која што покрај болницата поседува и дел од железницата, изјави премиерот Груевски по средбата.

Претседателот на компанијата Тамута изразувајќи задоволство од можноста за остварување на соработка со Македонија, рече дека ова е почеток на една зголемена и продлабочена соработка помеѓу Јапонија и Македонија.

– Се надеваме дека нашиот придонес може да и помогне на вашата земја во развој на економијата. Што се однесува до полето на медицината ова е шанса и можност што повеќе доктори и медицински персонал од вашата земја да не посетат и да бидат тренирани овде. Исто така, на полето на железницата, ако има нешто со кое што ние можеме да помогнеме во насока на развој и поддршка на вашата железница ние би сакале да помогнеме со задоволство, изјави Тамута.

Јапан Реилвеј Ист Компани е компанија која се занимава со бизнис во повеќе сфери, меѓу кои и железничкиот сообраќај и медицината, и која на годишно ниво остварува приход од 28 милијарди долари, а добивка од околу 2 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он