Премиерот Груевски и владин тим во посета на Естонија

Од:

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во политичко-економска посета на Република Естонија.

Во владината делегација се и заменик премиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Во рамките на посетата, премиерот Груевски има средба со претседателот на ладата на Естонија Андрус Ансип.

Владината делегација ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во главниот град на Естонија, Талин, на кој ќе бидат претставени поволностите кои Република Македонија им ги овозможува на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнис, со цел зголемување на можностите за економската и трговската размена и соработка во полето на инвестициите.

Би можело да ве интересира

Белгискиот премиер понуди оставка – кралот ја одби

А1он

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата