Премиерот Груевски и владин тим во посета на Калининградската област во Руската Федерација

Од:

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во политичко-економска посета на  Калининградската област во Руската Федерација.

Во владината делегација се и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе има и политички средби со претставници на Калининградската Губернија.

Владината делегација ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во Калининград на кој ќе се презентираат можностите и поволностите кои Република Македонија ги нуди за странските инвеститори.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба