Премиере, претседателе, индексите во рака и на часови

Од:

Студентскиот пленум по потпишувањето на реформите со кои се воведува и државен испит најавува борба со власта и дека нема да дозволи да се прекрши Уставот и да се прегази автономијата на универзитетот.

-Очекувано, светлината на крајот на тунелот излезе дека е воз кој со голема брзина ита кон прегазување на високото образование. Иако многупати предупреден за противуставната содржина на новиот Закон за високо образование, Ѓорѓе Иванов се одлучи да го одобри истиот. Одлучи да не биде државник, да не биде професор, да не биде претседател на сите. Сега веќе може да се каже дека, иако намерата беше најискрена, изодените институционални патишта не дадоа резултат.
Но, борбата на Студентскиот Пленум продолжува! Студентскиот Пленум нема да дозволи да се гази по достоинството на студентите, бесрамно да се прегази автономијата на универзитетите и на најдрзок начин да се прекрши Уставот, највисокиот правен акт на Република Македонија!

Затоа, подгответе се. Почитуван господине Премиер, почитувана Владо на Република Македонија, почитувани “народни претставници” од Собранието, почитуван Претседателе, индексите во рака и на часови.

Студентски пленум ќе предава лекции по државништво! Борбата започнува, порачуваат од Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска