Преку запознавање и дружење младите стружани ги надминуваат меѓуетничките предрасуди

Од:

Надминување на меѓуетничките недоразбирања меѓу младите преку нивно запознавање и дружење беше целта на денешната работилница „Да создадеме поправеден свет“, што се реализира во рамки на проектот „Зајакни се, подобри ја твојата заедница“, поддржан од УСАИД, а го спроведува здружението Локална агенција за развој- Струга.

Група од 20-на ученици од различни етнички заедници имаа можност да се соочат со предрасудите и учеа како да ги решаваат конфликтите базирани на етничка припадност на мирољубив начин.

Проектниот координатор од Локалната агенција за развој од Струга Катерина Василеска смета дека во градот има предрасуди, пред се заради тоа што младите немаат можност меѓу себе да се среќаваат и да се дружат.

-Во Струга има предрасуди меѓу Македонците, Абалнците, но и помалите етнички групи, а тоа произлегува од непознавањето едни со други. Немаат можности младите меѓусебно да се среќаваат и да се дружат. Учат во различни смени, излегуваат во различни кафулиња, зборуваат различен јазик и немаат многу можности каде заеднички да се среќаваат, да комуницираат, да се запознаваат и со тоа да ги надминат предрасудите, истакна Василеска.

Координаторот на денешната работилница Елена Карамачоска, ученичка во средното училиште „Ибрахим Темо“ посочи дека сакаат да го надминат меѓуетничкото недоразбирање што го има во Струга и младите да се дружат независно во која етничка група припаѓаат.

– Целта беше учениците да ја видат сличноста меѓу младите независно на кој јазик зборуваат и на која вера и националност припаѓаат. Сите имаме слично искуство во првата љубов, навреда од другар, цели во животот и слично. Токму поради тоа сакавме да ги натераме да разговараат на тие теми без да знаат дека се од ист град само од различни етнички групи, вели Карамачоска.

Таа смета дека предрасудите кон различните националности се наследуваат, односно децата уште од мали се учат дека не треба да се дружат со други националности.

Во рамки на проектот „Зајакни се, подобри ја твојата заедница“ денеска една група од учесниците готвеше храна, која спакувана ја делеа на социјално загрозени, а дел однесоа и во центарот „Порака нова“.

Би можело да ве интересира

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Адвокатот кој го брани Мерко и докторите кои на жена и извадија јајник, матка и бубрег казнет со 3.000 евра

А1он

Обвинителството започна истрага за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе