Поради снимање на францускиот филм “A Fond” денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворен делот од автопатот од мотелот „Македонија“ до Градско, соопшти АМСМ.
Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека во посочениот период сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.
Прекин на сообраќајот поради минирање ќе има и на делницата Кичево – Охрид, кај Извор, во траење од 15 – 20 минути во периодот помеѓу 15:00 до 17:00 часот.