Прекинатата свадба во Банско била организирана на отворено со сите нишани, за организаторите кривични пријави

Од:

Свадбата во селото Банско, која вчера ја прекина полицијата, била организирана на отворено, со настап на пеач и оркестар во живо, велат очевидци од селото и портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Очевидци велат дека просторот каде се организирала свадбата бил блокиран од двете страни со автомобили и неколку часови среде бел ден траела свадбената веселба. Откако полицијата интервенирала свадбарите се разбегале.

Според соопштението од СВР Струмица, Д.И.(57) и А.И.(54) ја организирале свадбената веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости.

-По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира портпаролот Трајанова.

За настанот бил известен и обвинител од ОЈО Струмица.

Инаку, пред два дена полицијата во дом на струмичанец прекина забава на која учестувале 11 лица.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он