Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости, следуваат кривични пријави

Од:

Во струмичкото село Банско вчера полицијата прекинала свадбена веселба на која присуствувале околу 300 гости. Од МВР најавија кривични пријави по расчистување на случајот.

– По претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во село Банско, Струмичко, при што било констатирано дека Д.И. и А.И. од село Банско организирале свадбена веселба на нивниот 26-годишен син Е.И., на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Свадбата била прекината, се подвлекува во соопштението, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен и Јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он