Прекината седницата на собраниската Комисија за образование поради несогласувања за процедурални излагања

Од:

Продолжението на 11. седница на собраниската Комисија за образование и наука беше прекината на самиот почеток кога претседателката Жаклина Лазаревска побара од пратениците да се откажат од процедуралните излагања, како што рече, во интерес на образованието и науката.

-Досега постапувавте недемократски и не се држите на Деловникот кога барате процедурални, им рече Лазаревска на опозициските членови на Комисијата по нивното барање за процедурално излагање пред таа да го утврди дневниот ред на денешната седница.

Тоа предизвика бурни реакции од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои извикуваа дека таквиот начин на работа е диктатура зашто секогаш им се дава процедурално кога пратениците го бараат тоа.

На дневен ред на 11-тата седница на оваа Комисија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за иновациска дејност во прво читање.

Комисијата за подоцна денеска има закажано продолжение и на осмата седница на која на дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта во прво читање, кој е подолго време заглавен поради несогласувања на членовите на Комисијата и прекини на седниците.

На дневен ред на осмата седница на матичната Комисија е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он