Прекинат протестот во железницата, попладне тргнуваат товарните возови

Од:

Товарниот железнички сообраќај во Македонија треба да профункционира попладне во 16 часот, а од утре и патничкиот, со што се прекинува двонеделниот протест на вработените. Тоа го изјави претставникот на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт Душко Чакароски по денешната средба со в.д директорот на МЖ Транспорт Игор Коруноски.

Според Чакаровски, машиновозачите се задоволни од постигнатиот договор и денеска линеарно ќе им бидат исплатени по 10.000 денари од вториот дел од платата за јануари. Првиот дел од платата работниците го добија вчера. Договорено е платата за февруари да биде исплатена до крајот на март за да не бидеме доведени во ситуација на 5 април повторно да го блокираме железничкиот сообрачај, изјави Чакаровски.

Претходно, денеска претпладне, одлука да се вратат на работа донесоа и вработените од работилницата за одржување во МЖ Транспорт. Како што изјави Ѓоко Илиески од иницијативниот одбор за протестот, со Коруноски договориле втората половина од платата јануари да ја добијат во текот на следната недела, а платата за февруари да се исплати целосно до крајот на овој месец.

Поради протестот во железницата, што трае повеќе од две недели, а со кој се бараше целосна исплата на јануарската плата, целосно е блокиран и патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Во тек на протестот оставка даде генералниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов, а за в.д директор беше поставен Игор Коруноски.

Покрај раководството на МЖ Транспорт апели да прекине протестот поради штетите и за железницата и за стопанството упатија Владата, Министерството за транспорт и врски, како и компаниите коминтенти од коишто дел информираа дека ќе бидат доведени во ситуација да го прекинат производството затоа што преку железницата ја вршат главната набавка на суровините.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска