Прекин на патот Мелнички мост – Дебар, асфалтирање кај селото Боротино

Од:

Поради асфалтирање денеска од 13 до 17 часот ќе биде затворен за сообраќај во двата правца патниот правец Мелнички мост– Дебар.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека денеска, утре и задутре на патот Прилеп – Демир Хисар кај селото Боротино од 10 до 14 часот ќе се врши асфалтирање поради што се препорачуваат алтернативните правци Демир Хисар – Обршани – Кривогаштани –Прилеп и Прилеп – Кривогаштани – Обршани – Демир Хисар.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози