Преименувани повеќе улици во Скопје

Од:

Преименувањето на улиците е во надлежност на Советот на Град Скопје, а не на општините во Скопје, информира денеска Град Скопје.

Согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена на 66-тата седница, одржана на 24 јуни годинава, Град Скопје донесе одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на главниот град. Со оваа одлука, како што се наведува во соопштението, беа сменети имињата на неколку улици, мостови и паркови на територијата на Градот Скопје.

Со оваа одлука, улицата „Васил Чакаларов“ што поминува покрај ОУ „Васил Главинов“ се преименува во улица „Роналд Реган“. Улицата „Адолф Циборовски“ што ги поврзува населбите Тафталиџе 2, Влае и Хром (гранична улица меѓу општините Карпош и Ѓорче Петров), поточно ги поврзува булеварите „Метрополит Теодосиј Гологанов“ (од Студентскиот дом „Гоце Делчев“) и „Ѓорче Петров“ (кај Порта Влае) стана „Војвода Васил Чакаларов“.

Со оваа одлука поранешната улица „Мајка Тереза“ се преименува во улица „Адолф Циборовски“, додека името „Мајка Тереза“ го носи поранешниот булевар „Водњанска“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен