Прегазен велосипедист во Скопје, починал на местото на несреќата

Од:

58-годишен скопјанеч го загубил животот утрово во сообраќајна несреќа во Скопје. Го удрило возило на улица „Мацари“. Починал на местото на несреќата известува Министерството за внатрешни работи.

– На 04.12.2021 во 01.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Маџари“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје. Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, се вели во соопштението од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар