Прегазен велосипедист на Партизанска, кој е во критична состојба

Од:

Тешка сообраќајна незгода се случи попладнево во Карпош 4, наспроти трговскиот центар „Антико“. Неофицијално, со тешки повреди и во животна опасност е велосипедист, кој бил удрен додека поминувал на пешачки премин.

На лице место има траги од кочење на автомобилот, а сведоци на настанот велат дека локви крв имало на местото од каде Брза помош го презела повредениот. Од она што може да се види, шофершајбната на автомобилот е искршена од ударот.

Едната лента од булеварот Партизански одреди е целосно затворена за сообраќај. Местото го обезбедуваат неколку полициски возила и полициски службеници.

„Денеска (30.04.2021) во СВР Скопје е пријавено дека во 16:45 часот на бул.”Партизански одреди” патничко возило “хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С. удрило во велосипед, управуван од Р.Ј.(74). Во незгодата Р.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Г.О.Б “8 Септември”. Извршен е увид од увидна екипа, а за незгодата известен е дежурен Јавен обвинител“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он