Прегазен полицаец во кичевско додека сопирал возач

Од:

Полицаец бил повреден вчера во обид да сопре патничко возило заради контрола. Настанот се случил околу 1 часот во кичевското село Жубрино, кога полицајци сакале да го сопрат возилото.

Возачот ја зголемил брзината и удрил во еден полициски службеник по што го напуштил местото на настанот. На повредениот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.

По преземени мерки, приведено е едно малолетно лице за кое постои сомнеж дека е можен сторител на делото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он