70-годишен човек од тетовско починал на лице место откако бил удрен од мотор „јамаха“ на регионален пат во околината на Струмица. Мотоциклот го управувал 50-годишен радовишанец кој во несреќата се здобил со повреди.
„На 04.06.2021 во 21:55 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Владевци, струмичко, во близина на крстосница со патот кој води за с.Сушево, струмичко, мотоцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(50) од Радовиш, удрил во пешакот К.Ѓ.(70) од с.Милетино, општина Брвеница – Тетово. Притоа, пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица“ – информираат од МВР.