Прегазен пешак во Дебар

Од:

Осумдесетгодишен жител на Дебар се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил сограѓанин со патничко моторно возило.

Според информациите од полицијата, синоќа околу 20.55 часот во Одделението за внатрешни работи било пријавено дека на улицата „Иса Болетини“ во Дебар, патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (20) од Дебар, удрило во пешакот Н.Л. (80) од Дебар.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од ОВР Дебар.

Би можело да ве интересира

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска