Прегазен пешак на патот Велес – Штип, возачот не застанал, па случајот го пријавил во СВР-Велес

Од:

Синоќа во околу 23 часот и 15 минути бил прегазен пешак на магистралниот пат Велес – Штип кај клучката за село Каратманово, при што тој починал на лице место.

Сообраќајната незгода се случила кога лицето О.М. (33) од Струмица со своето моторно возило удрило во пешак Т.Ј. (57) од село Мамутчево, велешко, при што истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон СВР-Велес, каде што го пријавил случајот.

На местото на настанот увид извршила екипа од полициската станица во Свети Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. О.М. бил приведен во полициска станица, а неговото возило било задржано во кругот на СВР-Велес.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско