Предупредувачки протест на Синдикатот на Судскиот Совет, бараат враќање на додатоците на плата

Од:

Синдикалната организација на Судскиот Совет на Република Северна Македонија денеска повторно излезе на предупредувачки протест со барање да им бидат вратени додатоците на плата, укинати од март годинава.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, во изјава за медиумите посочи дека додатоците на плата кои што им следуваат согласно Колективниот договор, биле укинати во март годинава и дека преговорите за мирно решавање на спорот истекуваат на 3 или 4 декември, по што следува генерален штрајк.

– Синдикатот на Судски совет при УПОЗ повторно излезе на предупредувачки протест. Причината ја знаеме сите. Како што е во целото правосудство додатоците на плата се укина заради немање на доволно финансии во Судскиот буџетски совет заради покачување на платите на судиите. Но, од друга страна вината, исто така, ја насочуваме и кон Министерството за финансии кое не ги исплати додатните блок трансакции кон Судскиот буџетски совет, иако со Буџетот од 2023 година беа обезбедени, изјави Ралповски.

Според Ралповски, Владата неколку години наназад се обидува да ја деградира јавната администрација. Не сме криви ние што работиме во јавната администрација, туку тие што ја раководат јавната администрација.

– Затоа им препорачуваме, исто како што кажавме пред четири месеци кога се потпишуваше општиот колективен договор и укажавме на овие проблеми што ќе се случат и затоа бевме против таков Општ колективен договор. Ги повикуваме да седнат во Парламентот и додека се носи буџетот да изнајдат пари, да им го дадат заслуженото на јавната администрација, изјави Ралповски.

Да се почитуваше Законот за минимална плата и да се усогласуваше платата во изминатите години, нагласи Ралповски сега немаше да бидеме во ваква ситуација.

Би можело да ве интересира

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ

Престанува мандатот на Мери Радевска како член на Судскиот совет поради пензионирање

Судскиот совет донесе одлука за престанок на судиската функција на Софија Спасовска Медарска поради избор за член на ДКСК

Кавга во Судски совет: Георгиева вели дека ќе и го поништат изборот за член, а судијата кој го барал тоа бил пензионер и Бугарин

Александар Тодески