Предновогодишна забава за најмладите на градскиот плоштад Куманово

Од:

Предновогодшна забава за најмладите се одржа денеска на градскиот плоштад во Куманово, каде Дедо Мраз подели подароци и ги израдува најмладите на забавата која традиционално ја организира општината.

Децата ги забавуваа балетски и танцови студија „Фјужн“ и „Ултра“, а пред присутните се обрати градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

– На најмалите им посакувам во 2018 година да ги слушаат повеќе своите родители, своите професори, и да бидат примерни и добри деца и граѓани, а на вас почитувани родители благодарност за се што направивте во 2017 за нашиот град, за нашата општина и нашата држава. Ви посакувам просперитетна и успешна 2018 година во која што ќе има живот за секој граѓанин на Република Македонија, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски