Предметите од обвинителката Раичевиќ за крупен банкарски криминал ги презела новоизбраната колешка Трајчева

Од:

Предметите за предистрагата за случајот „Банки“ и за случајот со „НЛБ банка“ ги презела новоизбраната обвинителка во Одделот за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, дознава „Макфакс“. Сега Трајчева треба да ги работи предметите за банкраски криминал на нејзината колешка, Лидија Раичевиќ.

Вчера во „Службен весник“ беше објавена одлуката на Советот на јавни обвинители за изборот на 7 јавни обвинители, меѓу кои, четири обвинители во одделението за организиран криминал и корупција. Според сознанија на „Макфакс“, предистрагата за случајот „Банки“ која ја водеше Раичевиќ напреднала и стигнала до фаза да биде отворена истрага, а биле сослушани директори на банките и инволвирани во случајот, кој се влечка со години во Обвинителството.

Државната комисија за спречување на коруцпијата во меѓувреме ќе испитува дали има конфликт на интереси за изборот на внуката на Коле Штерјев, и неизборот на обвинителката Раичевиќ во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во случајот „Банки“, станува збор за лажни должничко-доверителски односи креирани меѓу 3 банки и македонски компании. Компаниите кои наседнале на играта на банките изгубиле 14 милиони евра, дополнително враќаат камати, провизии и рати за кредити. За да се скријат трагите дека парите ги користат дваесетина капитално-поврзани фирми, блиски до луѓе кои биле во управните или надзорните одбори на банките кои не смееле самите на себе да си одобруваат кредити, бил направен овој, според полицијата, „modus operandi“ за ненаменско користење на наменски одобрените кредити.

Во случајот „НЛБ банка“ поранешен министер, директори, нотар и адвокат осомничени за перење пари. Обвинителството објави дека постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање фирми, подигање кредити и пренос на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата биле инвестирани во основање нови фирми и купување недвижен имот на подрачјето на Битола. Со цел да утврдат фактите и да обезбедат докази, Обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издале наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски