А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Предложено задолжително психијатриско лекување за скопјанец обвинет за убиство на сопствениот татко

by А1он08/06/2020 - 14:04515
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за скопјанец обвинет за убиство на сопствениот татко.

Добивај вести на вибер

– Обвинетиот 24–годишник, на 12 април, во состојба на непресметливост поради привремено душевно растројство, при вршење семејно насилство, го лишил од живот сопствениот татко. Додека оштетениот седел на внатрешните скали кои воделе од приземјето кон повисокиот кат на куќата, обвинетиот се симнал по скалите од горниот кат, држејќи нож во раката и поради претходно нарушени семејни односи, на својот татко му задал пет рани во пределот на главата, вратот и раката. Оштетениот успеал да се оттргне и пеш тргнал кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кој бил во близина на неговото живеалиште за да побара лекарска помош. Но како последица на обилното крварење од раните кај него настапила шокова состојба, која довела до нарушување и конечен престанок на работата на виталните органи, па тој починал во кругот на Клиничкиот центар, се вели во соопштенито од ОЈО.

Со оглед на утрврдената фактичка состојба во поглед на здравствената состојба и непресметливоста на обвинетиот, јавниот обвинител му предложи на судот да ја укине претходно определената мерка притвор, но обвинетото лице да не биде пуштено на слобода, туку до завршување на постапката против него за примена на мерките на безбедност, привремено да се смести во соодветна здравствена установа.​

Лицето се товари за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од Кривичниот законик.

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен