Предложен притвор за двајца осомничени за недозволена трговија со дрога во Гостивар

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар известува дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Осомничените, 29-годишен гостиварец и 23-годишна жителка на гостиварското село Равен, биле запрени на 21 јуни во селото Дебреше, додека заедно се превезувале со автомобил Фолксваген голф. При личен преглед, во раката на осомничениот биле пронајдени 3,42 грама марихуана, додека осомничената скриена во облеката носела полиетиленска ќеса со уште 19,25 грама марихуана. Дополнително помало количество марихуана било пронајдено и во домот на првоосомничениот во Гостивар, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски