Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата предложи нов состав на Комисијата за верификација на фактите.
Со предлог одлуката повторно се предлага Томе Аџиев за претседател, Асан Љума за заменик за претседател на Лустрациската комисија. За членови се предлагаат Новица Велјаноски доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инжинер од Скопје, Сашко Јанев секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути новинар од Скопје, Шпенди Винца дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, Линко Бејзаровски политоколог од Пласница.
Како што соопшти претседателот на Комисијата, Зоран Илоски на конкурсот што го објави Собранието се пријавиле 32 кандидати.
Се очекува предлог одлуката да биде изгласана на Комисијата, а потоа да се најде и на дневен ред на единаесеттата седница што започнува во 13 часот.