Предлог – законот зa урбанистичко планирање оди во Собрание

Од:

Владата на денешната седница го утврди Предлог – законот зa урбанистичко планирање со кој се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање и постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови заради социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби.

На седницата е усвоена и Информацијата за ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) со кој се овозможува имплементирање на безбедно, интероперабилно информатичко решение во согласност со стандардите на Светската царинска организација и ЕУ.

Помина и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности чија цел е подобрување на деловната клима во земјава. Според Владата, поголемиот квалитет на запишаните податоци во Катастарот и зголемениот процент на запишаните права ќе ја зајакне довербата во јавната книга и ќе придонесе за транспарентноста на институцијата како јавен сервис на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски