Предлог-Законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Од:

На 113-та седница Владата на РМ донесе одлука да го повлече од Собранието на РМ Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси и низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, да добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисијата за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение.

На оваа седница Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои „Информацијата за вклучувањето на децата Роми во предучилишно образование“, и им препорача на градоначалниците на општините опфатени во оваа информација да го свикаат Советот на општината и да ја разгледаат можноста за ослободување од партиципација на 450 Ромски деца на возраст од 3-6 год за престој во детските градинки 01.12.2018 до 31.12.2019.

На седницата на Владата на РМ е усвоена и Одлуката за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање на субвенциониран станбен кредит во 2019 година, со што на граѓаните ќе им се овозможат по поволни услови да дојдат до сопствен дом.

На својата 113-та седница Владата да ја разгледа и усвои Програмата за интеграција на лицата на кои им е признаено правото на азил во Република Македонија за 2019 година.

Владата на РМ односно, Министерството за образование и наука, со пренамена на средства преку Програмата за приватно-јавни непрофитни високообразовни установи донесе одлука да пренамени 8 милиони денари. Православниот Богословски факултет “Св. Климент Охридски” добива 3 милиони денари, Универзитетот на Југоисточна Европа добива 3.1 милиони денари, а Факултетот за Исламски Науки добива 1.9 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите