Предлог за притвор за косовски државјанин кој давал поткуп на полициски службеници на Блаце

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 56-годишник, утринава бил лишен од слобода на граничниот премин „Долно Блаце“, при излез од земјава кон Република Косово, кога им дал поткуп од 50 евра на полициските службеници кои вршеле проверка на неговото комбе. Парите ги ставил во неговата патна исправа, обидувајќи се да го убеди раководителот на смена на граничниот премин да го пропушти на излез без проверка на возилото. Трговската стока што ја пренесувал во комбето, по наредба на јавен обвинител е фотографирана и предадена на Царинската управа за натамошна постапка.

Оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што станува збор за странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Притвор за двајца битолчани кои со ножеви нападнале полициска патрола

Горан Наумовски

Судот одлучи: Осум обвинети од акцијата „Адитив“ завршија во притвор

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Притвор за тројцата осомничени кои го газеа македонското знаме

Горан Наумовски

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак