Предлог за дополнително издавање три емисии обврзници за денационализација

Од:

Владата донесе одлука да го испрати во редовна собраниска процедура Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, информира денеска владината прес-служба.

Во законот се предвидени 15 емисии на обврзници за денационализација. Со одлука Владата годишно го утврдува износот на обврзниците што ќе се издаваат. Годишниот износ се утврдува врз основа на надоместот даден во обврзници со решенијата кои станале правосилни во тековната година.

– Со Предлог законот се предлага дополнително издавање на уште три емисии обврзници за денационализација, со цел исплата на обврзниците кои ќе бидат утврдени со решенијата кои ќе станат конечни во претстојниот период, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези