Предлог на законот за изменување на Законот за социјалната заштита доби поддршка од членовите на матичната собраниска комисија

Од:

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка.

Ангелинка Петкова, членка на Комисијата и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во образложението на Предлог истакна дека со него бараат да му се помогне на категоријата на граѓани со попреченост кои се над 65-годишна возраст. Со нашиот предлог, рече таа, би се тргнала горната граница на возраст од 65 години што беше воспоставено со воведување на новиот Закон за социјална заштита, кој беше донесен на 23 мај 2019 година.

-Прашањето за помош од личен асистент за лицата над 65 години со најтешка попреченост и потполно слепите лица е од суштинска важност, бидејќи на оваа возраст таа помош уште повеќе им е потребна. Токму поради намалената подвижност, тие не се во состојба да ги обавуваат основните животни потреби без помош од друго лице. Природното стареење ги намалува моторичките и координациските способности кај оваа група на луѓе. Но кај лицата со потешка и најтешка попреченост и потполно слепите лица, оваа промена се уште повеќе изразени по 65 години. Овие лица со досегашниот закон беа во дискриминирачки однос, затоа што нивниот инвалидитет после 65-та година нема да го снема, напротив тој е уште поизразен после овие години, рече таа.

Петкова потенцира дека со предложените измени кои ги бараат се очекува и возрасни кои имаат над 65 години да добијат услуга од личен асистент и тоа 80 часа во текот на еден месец. Таа рече дека за спроведување на овој закон мораат да се предвидат дополнителни средства од буџетот.

Седницата на собраниската Комисија продолжи со расправа по втората точка Предлог на Законот за младински додаток, по скратена постапка. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова во процедурална забелешка рече дека пред почетокот на седницата нивната пратеничка група поднеле пет амандмани за Предлог на Законот за младински додаток, по скратена постапка. Претседателот на Комисијата Елми Азири даде петнаесетина минути за да се провери во архива за што се работи.

Силвана Ангелевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во оваа законско решение предлагаат во членот 1 зборовите возраст од 23 години да се заменат со возраст до 29 години и во членот три точка 1 бројот 23 да се замени со бројот 29 години.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика не дадода поддршка за Предлог на Законот за младински додаток. Претседателот на Комисијата Азири информира дека амандманската расправа заврши по Предлог на Законот за младински додаток и Комисијата го проследува по скратена постапка на понатамошна постапка до Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови