Предлог на Владата за две нови државни награди именувани по лингвистите Блаже Конески и Ремзи Несими

Од:

Владата денеска на седница го разгледа и утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, со што предлага воведување две нови државни награди.

На иницијатива од Советот за македонски јазик, како што соопштил предлагачот – Министерството за култура, се предлага да се востанови нова државна награда што ќе го носи името на Блаже Конески, основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач.

Владината прес-служба информира дека со оваа награда ќе се оддава признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство.

По иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, пак, како што соопштило Министерството за култура, се предлага да се востанови уште една нова државна награда – за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава.

-Се предлага да го носи името на Ремзи Несими – лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во 1972 година, наведува прес-службата на Владата.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски