Предлог мерки на Левица за санирање на последниците од поплавите

Од:

Поради трагичната ситуација во погодените области од невремето, неснаодливоста на државните органи и трагикомичната глетка во која претседател на една партија како во реално шоу ги командува државните функционери за тоа како да се справат со кризата, Левица ги дава следните предлог мерки за санирање на последиците од поплавите.

1.Целосно запирање на сите проекти од Скопје 2014, а посебно Панорамското тркало и пренамена на средствата за санирање на штетата во погодените места, за помагање на поплавените и за превенирање на вакви штети во иднина.

2.Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги донира сите пари кои ги има добиено како донација оваа година за помагање на погодените, а лицето Н. Г. да ги донира сите заштедени пари од 2015 год.

3.Донирање на половина јулска плата и сите дневници и патни трошоци до крајот на годината од сите 123 народни избраници и од државните функционери за помагање на погодените.

4.Забрана за прес конференции од политичари во погодените области.

5.Формирање на еден координативен штаб во кој нема да има ниту еден политичар, туку само стручни лица од сите засегнати институции и претставници од секое погодено место.

6.Јавен повик и организирање на волонтери од цела Македонија, за работна ација за расчистување на теренот, со бесплатен превоз од ЈСП и МЖ до погодените места.

7.Ангажирање на градежната механизација од сите градежни фирми кои добиле јавни тендери (Бетон, Гранит, Страбаг, Алпине, Трансмет) за расчистување на теренот.

8.Ангажирање на на теренски возила од сите државни институции (ЕЛЕМ, МЕПСО, Македонски шуми, МВР…) за расчистување на штетите и за дистрибуција на помош.

9.Фирмите кои се занимаваат со продажба на станови бесплатно да ги отстапат празните станови за погодените семејства. (Адора, Настел, Голден Арт…)

10.Сите субвенционирани земјоделски фирми (Пелагонија, Повардарие, Вардар, Агриа…) да донираат храна за лицата од погодените области.

11.Секојдневно организирано собирање на непродадената храна на крајот на денот од сите скопски ресторани, кафеани, пекари, сендвичари, супермаркети и нејзино дистрибуирање до погодените.

12.Повик за стручни фирми и Факултети за изработка на студија за санирање на инфраструктурата и изградба на домовите на граѓаните до крај на годината.

Би можело да ве интересира

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица