А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Предлог мерка притвор за скопјанец осомничен за повеќе разбојништва во аптеки

by А1он04/11/2021 - 11:24135
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 34-годишен скопјанец осомничен дека сторил шест кривични дела „разбојништво“ од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и еден „обид за разбојништво“.

Добивај вести на вибер

Осомничениот, на 13 октомври, со употреба на сила и сериозна закана со нож, одзел 25.000 денари од аптека во Аеродром. Од истата аптека, на 2 ноември противправно присвоил уште 21.000 денари.

– На 25 октомври од друга аптека во Аеродром на сличен начин одзел 12.000 денари. Истиот осомничен, заканувајќи се со нож на вработените, на 27 октомври од аптека во Гази Баба одзел 24.000 денари. На 27 септември, осомничениот влегол во аптека во Карпош, заканувајќи им се на вработените со нож одзел 40.000 денари. На 18 октомври, пак, од регистар касите во аптека во Кисела Вода одзел 48.756 денари. Вкупно, со шест разбојништва извршени на сличен начин, осомничениот од аптеки во Скопје противправно присвоил над 170 илјади денари, соопшти Службата за односи со јавност при Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Тој е осомничен и дека на 22 октомври се обидел да изврши разбојништво во уште една аптека во Карпош, но откако вработената го предупредила дека го активирала алармот, избегал без да ги одземе парите.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, се наведува во соопштението, јавнот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и за повторување на делото.​​

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен