Предизвикал пожар во сопствената и во куќата на брат му – истрага против жител на тетовско Мерово

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против општата сигурност согласно член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

– На 9 април, осомничениот 57-годишник, намерно иницирајќи пожар во куќи во селото Мерово, предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Во вечерните часови на критичниот ден, тој најпрвин влегол во куќата на неговиот брат кој со неговото семејство живее во странство. Таму со запалка го запалил килимот во една од собите. Потоа осомничениот влегол во сопствената куќа и со запалка ја запaлил завесата во една од собите. На крај, предизвикал пожар и во плевна во близина на неговата куќа, причинувајќи голема имотна штета, и го напуштил местото на настанот, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека присуството на осомничениот во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди со друга мерка.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај