Предизборни митинзи на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на Струмица и Ново Село

Од:

Од Вељуса и Сушица, тргнаа предизборните каравани на Васил Пишев и Блажо Велков, кандидати за градоначалници за Струмица и за Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ.

Официјалното претставување на својата предизборна програма за градоначалник, како и на советничката листа на ВМРО- ДПМНЕ, Васил Пишев ја започна во струмичко Вељуса, каде шти на жителите им вети изградба на селски парк за одмор и рекреација, како и разубавување на ова село во кое манастирот „Богородица-Елеуса“ е посетена од голем број домашни и странски туристи.

– Од овде од Вељуса, на сите вработени во општинската админстарција и образованието им порачувам дека Васил Пишев, како градоначалник никој нема да избрка од работа ако посветено и совесно ја вршат. Вељуса, како земјоделско, но и како село кое има потенцијал за рурален и верски туризам ќе ја добие неопходната поддршка од локалната и централната власт, им порача кандидатот за градоначалник Васил Пишев. Изборниот караван на Васил Пишев беше и во селата Водоча, Банско и Габрово.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ за Ново Село, Блажо Велков, своето прво претставување го имаше пред жителите на Сушица, каде ги претстави проектите за реконструкција на селскиот водовод, замена на старите азбесни со нови полиетиленски цевки. Велков синоќа одржа митинг во селото Старо Коњарево и  им вети на жителите од ова село изградба на локалниот пат меѓу Старо и Ново Коњарево.

– Мината година ветија асфалтирање на сите патишта, а само поставија по триесетина метри асфалт. Ветија и изградба на водовот. Тие само ветуваат, а не остваруваат. Верувајте, донесувањето на правилна одлука на сегашните локални избори ќе значи промена на севкупниот живот во нашата општина. Нам ни се потребни нови проекти и нови дела за напредна општина Ново Село, рече кандидатот за градоначалник на Ново Село,Блажо Велков.

За работата на идниот совет на општина Ново Село пред присутните зборуваше носителот на кандидатската листа за советници од ВМРО-ДПМНЕ, Ленче Митева.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?