Предизборен митинг на СДУ во Штип и во Свети Николе

Од:

Социјалдемократската Унија на Македонија (СДУ) синоќа пред своите приврзаници во Свети Николе и во Штип ги промовираше кандидатите за градоначалник и за советници.

Пред граѓаните и симпатизерите во Свети Николе се претстави младиот спортист Никола Давчев, носител на листата за советници, а истиот ден, во Штип  се претстави кандидатот за градоначалник, искусниот и признат бизнисмен Мијалче Поп Андонов.

delcev, nikolovski, davcev

Поп Андонов во обраќањето го пренесе своето богато искуство, како гаранција и темел на кој смета дека ќе биде изграден неговиот концепт на делување, доколку на претстојните избори биде избран за нов штипски градоначалник.  Тој смета дека овој град треба да си ја врати централната позиција, која што некогаш ја имал во источна Македонија.

– Моето долгогодишно искуство и  работење ме научија дека за да се има успех, најважно од се е да ги признаеме успесите на другите и врз база на тоа да ги градиме и своите. Не смееш да делуваш самоволно, идејата треба да ја развиваш на база на заедничка соработка, сугестии и мислења, рече Поп Андонов.

Даде ветување меѓу другото дека ќе го врати сјајот на славното Ново село и тамошната црква „Успение на Пресвета Богородица“, но и обнова на фасадата на училиштето во кое работел Гоце Делчев.

– Почитувани Штипјани, ви предлагам  да излезете на изборите на 24 март, да го дадете гласот за оној што мислите дека е најдобар, а јас мислам дека Мијалче Поп Андонов е најдобар  и треба да го заокружите бројот 18. Со неговиот избор ќе добијат и граѓаните на Република Македонија и граѓаните на градот Штип, оцени  претседателот на СДУ, Чедо Николовски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември