ВИДЕО: Предавачите на Академијата за јавни обвинители и судии не знаат странски јазик

Од:

Предавачите кои преку континуирана обука треба да изградат европски профил на судии, јавни обвинители и судска администрација, побарале изземање на странскиот јазик од критериумите кои треба да ги поседуваат за да останат на оваа позиција во Академијата, најверојатно бидејќи голем број од нив не познаваат ниту еден странски јазик.

Според Ива Цоневска од Институтот за европска политика. со додавањето на овој критериум исфрлени се голем број квалитетни предавачи од Академијата, но со право бидејќи предавачите мора да имаат познавање на барем еден странски јазик.

Сепак, се поставува прашањето како е возможно одреден предавач да се нарече квалитетен доколку не знае странски јазик кој е повеќе од потребен особено кога станува збор за едукација на судиите и обвинителите во однос на читањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права и останатите меѓународни судови.

Проблемот со познавање на странски јазик во Академијата за судии и јавни обвинители датира од поодамна. Пред повеќе од една година беше откриена аферата за поседување лажни дипломи за познавање на странски јазик од страна на кандидатите кои влегле во Академијата. Но, по се изгледа фалсификат диполоми не поседувале само кандидатите, туку и предавачите. Овој скандал подоцна го потврди и претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски