Предавачи од Оксфорд до 8 април во Македонија

Од:

Балканскиот институт за вера и култура по третпат во Македонија ја организира програмата Oxford Connections што овозможува директни средби на академици, професори, научници, студенти и други интелектуалци и размена на идеи со претставници од Универзитетот Оксфорд.

Програмата официјално ќе биде отворена денеска на Тетовскиот универзитет – филозофија на религија, на тема „Може ли верувањето во Бог да биде рационално во отсуство на докази?”, каде ќе предава докторантот Макс Бејкер-Хич, а попладне во Американското катче предавање ќе одржат Грејс Маура и Скот Ејблс.

– Се надеваме дека преку програмата ќе направиме скромен придонес кон јавната сфера на општество зголемувајќи ги можностите на сите оние со потенцијал и капацитет за врвен дострел во нивниот академски развој. Нашата визија е интелектуалците да се поттикнат да ги понудат своите вештини и знаење кон подобрувањето на благосостојбата на сите што живеат во Македонија, изјави д-р Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура.

Организаторот како главен настан го издвојува Веритас форумот кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар-Скопје во четврток од 19 часот, со познатиот професор д-р Ендрју Бригс, кој ќе говори на темата „Нанотехнологијата, верата и другите невидливи работи“.

Третата програма Oxford Connections ќе се одржува на различни локации во Тетово и во Скопје, а ќе заврши идниот понеделник со прослава за вториот роденден на Балканскиот институт за вера и култура. Oxford Connections е дел од иницијативите на Институтот чија цел е да ги поврзе релевантните установи во Македонија со Оксфордскиот универзитет, кој е меѓу водечките високообразовни институции во светот.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска