А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Предадено во употреба повеќенаменско игралиште во Македонска Каменица

by А1он28/08/2013 - 14:33116
Share0

Во Македонска Каменица на пригодна свеченост беше предадено во употреба повеќенаменското игралиште од проектот на Владата „100 повеќенаменски игралишта“. Го градеше Агенцијата за млади и спорт на површина од 1.100 метри квадратни во вкупна вредност од седум милиони денари. Игралиштето го пушти во употреба вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Добивај вести на вибер

Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески предавајќи го во употреба повеќенаменското игралиште во состав на Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица рече:

– Денеска на празникот на Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на сите рудари и на сите луѓе и на сите жители на нашата земја, посебно е убаво што на еден ваков настан предаваме во употреба повеќенаменско игралиште во Македонска Каменица кое што претставува уште едно ветување, еден капитален објект со што ќе се подобри животот овој пат на младите жители на овој град. Децата се нашето богатство и за нив ниедна инвестиција и средства што ќе се потрошат не се многу, рече министерот.

Тој додаде дека Владата со поддршка на локалната власт реализира еден крупен проект што ќе овозможи децата од Македонска Каменица да имаат пријатно убаво катче каде што ќе спортуваат и ќе се натпреваруваат. – Владата на Република Македонија многу инвестира и во физичката активност од причина што сметаме дека го заслужуваат тоа. Во ова динамично време, време во кое многу полесно е децата да потпаднат под некои пороци отколку да излезат на здрав пат и затоа секој родител знае каде треба детето да го поминува слободното време во слободни активности и спортски активности, рече Ставрески и додаде дека оваа сала и ова повеќенаменско игралиште ќе претставуваат објекти кои во иднина ќе бидат користени од илјадници деца на Македонска Каменица.

Посочи дека задоволство е да се доаѓа во Каменица и да се гледа напредокот на оваа општина на чело со градоначалникот Дарко Митевски. Потсетувајќи дека петходно е отворен нов коп на рудникот „Саса“ рече дека Владата во голем дел ги поддржува проектите што се реализираат во оваа општина и оти така ќе биде и во иднина.

– Ние бевме тука и кога требаше да се обезбедат средства за реконструкција на водоводната мрежа, да се заменат азбестните цевки со цевки поволни за здравјето на луѓето и кога треба да се инвестира во училиштата, а едно такво модуларно училиште наскоро ќе биде изградено во едно од околните села на општината. Тука сме и за реконструкција на улиците, за реализација на крупни проекти ако се искаже потреба, истакна вицепремиерот додавајќи дека наредната година ќе се реконструира делницата од патниот правец Кочани – Македонска Каменица,

акумулацијата „Калиманци“, а ќе има инвестиции и во други области кои ќе го подобруваат животот на граѓаните на Македонска Каменица.

Честитајќи им го Денот на рударите, Ставрески рече дека ќе дојдат и подобри денови за македонските рудници, а со тоа и на рудникот „Саса“ при што апелираше освен инвестиции во производство да има и во општо добро на граѓаните и рударите на Македонска Каменица.

Министерот Ставрески ја посети и изложбата на „Олд тајмери“ (стари возила), а се сретна и со рударите од рудникот „Саса“ од Македонска Каменица.

vlada

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен