Пред убиството на Тот, диџејот не забележал дека тој се расправал или тепал со обвинетите за време на забавата

Од:

Диџејот Здравко Теодоров кој вечерта кога се случило претепувањето на ракометарот Денис Тот, пуштал музика во диското, кажа дека внатре немало нарушување на јавниот ред и мир. За настанот дознал од медиумите. Тој кажа дека дискотеката „Привилиџ“ има свое обезбедување. Опиша што се случувало критичната вечер.

„Јас за настанот дознав во петокот, откако објавија медиумите. Таа вечер пуштав музика во дискотеката. Не го видов тој настан. Во дискотеката не забележав нарушување на јавниот ред и мир, од пултот каде се пушта музика има целосна прегледност. Оваа дискотека завршува со работа, зависно од тоа колку луѓе има внатре. И да биде полно, во 4 часот наутро завршуваме. Кога има помалку луѓе, кога ќе си отиде последниот, затвораме. Јас си отидов околу 2-30 часот, критичниот ден, од дискотеката. Не знам кога точно затворила. Пред дискотеката вообичаено има обезбедување. Не можам да кажам дали и вечерта имало обезбедување. Ако забавата завршила, немало луѓе внатре, обезбедувањето си отишло“, кажа Теодоров.

На 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, обвинетите заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот, тврди скопското Обвинителство. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.
„А1он“ објави и детали што се случувало кобната вечер и зошто е убиен Тот. Од дружба и пиење во диското, до смртоносни боксови и клоци.

Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничните за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и Ред бул, немало расправии ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле околу триесет минути по полноќ, а излегуваат околу 3.30 часот по полноќ.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов