ВИДЕО: Пред Собрание уапсен член на рап групата Пука козметика

Од:

По изгласувањето на уставните промени и по завршување на протестот пред Собранието на РМ, вечерва е уапсен Жарко Масларковски, член на рап групата Пука козметика. Тој засега се наоѓа во полициската станица Беко, причините за неговото апсење се уште се непознати.

Хип хоп артистот присуствуваше изминатите денови на протестите, а вечерва беше во друштво со неговиот брат близнак Дарко и пријателите. Од видеото може да се види како Масларковски со лисици на рацете е легнат на улица, а потоа и како го внесуваат во полициското комбе.

За време на апсењето Масларковски извикува дека била употребена прекумерна сила од страна на полицијата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ