Пред пратениците 52 точки на 35. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на чиј дневен ред се 52 точки, меѓу кои и предлозите за изменување и дополнување на законите за заштита на децата, за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, за социјалната заштита, како и Предлог законот за комплементарна и алтернативна медицина.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог законот за општата управна постапка, за измените и доплнувањата на законите за земјоделство и рурален развој, за управната инспекција, за финансиската полиција, за служба во АРМ, за извршување на санкциите, за судска служба, за техничката инспекција, за Државен пазарен инспекторат, за шумарска и ловна инспекција, за Државниот инспекторат за земјоделство, за шуми и за ловство.

На дневен ред се и предлог измените и дополнувањата на законите за работните односи, за инспекцијата на труд, за животната средина, за превоз во патниот сообраќај, за јавните патишта, за градење, за просторно и урбанистичко планирање, на законите за полиција и за внатрешни работи, за јавна чистота, за безбедност на храната за животни, за електронските комуникации, за инспекциски надзор, за Царинската управа, за денационализација, за градежно земјиште, за концесии и јавно приватно партнерство.

По скратена постапка треба да биде донесени и предлог измените и дополнувањата на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и на Законот за јавните претпријатија.

Пратениците треба да се изјаснат и за неколку предлог одлуки за избор на членови на повеќе собраниски тела. 

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции