Пред посетата на Париз, Османи се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција во Македонија Кристиан Тимоние.

Главна тема на средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, беше претстојната посета на Османи во Париз, каде што ќе се сретне со министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција Натали Лоазо, со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот Едуар Филип и со Сабине Тилае, претседател на Комисијата за европски прашања во Националното собрание.

Османи посочил дека на средбите ќе разговара за процесот на европска интеграција на државата, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и отстранувањето на политичките пречки кои, како што се наведува, и стоеја на Република Македонија на патот на европските и евроатлантските интеграции. Османи на Тимоние му посочил дека во Париз ќе се заложи за конкретни чекори од страна на Франција и останатите земји-членки на Унијата, кои ќе бидат во насока на визибилноста на европските перспективи на Република Македонија.

Вицепремиерот Османи и амбасадорот Тимоние на средбата ги отвориле и актуелните теми, особено во однос на спроведувањето на локалните избори.

– Соговорниците оценија дека изборите поминаа во најдобар ред, што беше потврдено и од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и другите релевантни набљудувачи на изборите, кои излегоа со оценка дека имаше фер, кредибилни и веродостојни избори, како во делот на организација на изборниот ден, така и на делот во предизборието, во кое партиите и кандидатите имаа можност слободно да ги промовираат своите програми, политики и квалитети, стои во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?